Еве ги патниците за Хрватска – Македонија со 17 ракометари на кадетскиот Мундијал!

Познат е составот на машката кадетска репрезентација на Македонија која ја очекува настап на Светското првенство во Хрватска.

Селекторот Раде Стојановиќ и неговиот стручен штаб со Наум Танески и Бранко Ангеловски ќе сметаат на 17 ракометари, наместо претходно планираните 18.

По повредата на десниот бек Димитар Узунчев, Македонија остана без класичен десен бек, па некои од средните и леви бекови ќе ја покриваат оваа позиција. На списокот нема поголеми изненадувања и главно тоа се истите ракометари што лани го освоија трофејот на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Македонската експедиција денеска патува за Ријека, во текот на утрешниот ден ќе има и тренинг, додека настапот го започнува на Илинден.

Прв ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Норвешка на 2 август, следува ден пауза па средбите со Црна Гора и Грузија.

Состав Македонија, СП Хрватска:

голмани: Иван Галевски, Давид Брестовац
леви крила: Марио Стојановски, Дамјан Субашевски
десни крила: Александар Петковски, Ненад Белистојаноски
пивоти: Валентин Карасманакис, Дејан Михајловиќ, Самоил Ристевски
леви бекови: Давид Димевски, Антонио Николоски, Тодор Узунчев, Андреј Стојановски
средни бекови: Томислав Димковски, Славчо Шулески, Мирче Калајџиоски, Дамјан Митев
десни бекови: /