Ихнева: Трефилов бараше да се вратам, но не сакав да ги изневерам Вардар и Самсоненко

Ракометарката која го носеше дресот на Вардар од 2014 до 2016 сезона, Алена Ихнева во моментов е дел од тимот на Кастамону, а тоа е проект кој многу наликува на оној што го имаше Вардар.

Таа во интервју за handballfast.com се потсетува на времето кое го мина во „црвено-црниот“ табор кога имаше забележителни партии.

Во Скопје дојде на 19 години, а самата вели дека доаѓањето не било воопшто лесно бидејќи мајка и не и дозволувала да си замине од Русија.

„Кога требаш да дојдам во Македонија имав само 19 години и мајка ми не ме пушти да одам сама. Сепак, јас инсистирав и реков дека сакам да одам. Затоа таа дојде со мене. Тоа беше најпријатното и најкорисното време поминато за мене во досегашната кариера. Во Македонија беше особено пријатно. Не е случајно што после толку време продолжувам и понатаму да комуницирам со многумина кои ги сретнав во Скопје“, вели Ихнева.

Имала и притисоци да се врати дома, но одлучила да остане во Скопје бидејќи не сакала да го изневери клубот и сопственикот.

„Последниот разговор со Евгениј Трефилов го имав во летото во 2015 година пред да заминеме на Универзијадата во Кореја. Само што ја имав завршено првата година од тригодишниот договор со Вардар и веќе имав играно на Ф4 во Лигата на шампионите. Тогаш се обиде да ме убеди на секој начин да се вратам во Русија. Сепак, реков дека не можам да го прекршам договорот и дека нема да го изневерам ниту клубот ниту неговиот сопственик Сергеј Самоненко“, коментира Ихнева во интервјуто.

Таа останува и понатаму интернационалка и во моментов не планира да се врати во Русија поради што е надвор и од репрезентацијата.