Истражи ја Македонија: Карачиќ и Дисингер за 1 мај уживаат во Дојран (ФОТО)

Германецот Кристијан Дисингер и Хрватот Игор Карачиќ решија подобро да ја запознаат Македонија и нејзините убавини.

Карачиќ нема обврски кон Келце во Полска, Дисингер исто така ги заврши натпреварите со Вардар за сезонава, па можат да се посветат на други активности.

Двајцата ракометари кои наскоро треба да станат баџанаци, го искористија убавото време и заедно со понежните половини, сестрите близначки Душица и Марија Андоновски, 1 мај го минаа покрај Дојранското Езеро.