Историјата во СЕХА се менува: За еден тим денеска завршува традицијата долга девет Ф4 турнири

Со еден удар практично денеска ќе бидат прекинати две традиции кои ги имаа овие две екипи на Ф4 турнирот во СЕХА.

Вардар или Загреб? Шампионот на Македонија или шампионот на Хрватска? Една непозната во која има голем влог бидејќи се работи за историја во регионалното натпреварување во кое двете екипи се имаат запишано со златни букви.

И едната и другата екипа имаат оставено голема трага бидејќи досега се единствените кои имаат играно на сите девет Ф4 завршни турнири. Своето ривалство го почнаа уште во сезоната 2011/12, па покрај натпреварите во групната фаза имаа пресметки и на завршните турнири. Практично играа на сите девет. Трипати играа во финалето, еднаш во битката за 3. место и петпати во полуфиналето. На секој завршен турнир пресметка.

Со еден удар практично денеска ќе бидат прекинати две традиции кои ги имаа овие две екипи на Ф4 турнирот во СЕХА.

После денешниот дуел еден од двата учесника на сите досегашни девет Ф4 турнири ќе го нема бројот десет покрај учествата. Покрај тоа ќе го нема и вообичаениот дуел меѓу најдобрите тимови од Македонија и Хрватска на големото натпреварување, па завршниот турнир во Задар ќе биде осиромашен за еден од тимовите кои се дел од лигата од самото нејзино формирање.

Во однос на лани ќе има само една измена. Веспрем и Мешков Брест повторно се дел од Ф4 турнирот, а сега ќе го нема само послабиот во двобојот меѓу Вардар и Загреб, а неговото место ќе го има тимот на Мотор Запорожје кој ќе дебитира меѓу учесниците на турнирот за трофејот во СЕХА.

Веќе е добро познато дека Вардар има предност од 24:20, па јасно е дека Загреб мора да победи со пет разлика доколку сака да оди на Ф4. Вардар би одел со негатива од четири при 21 постигнат гол, додека четири разлика му одговара на Загреб во случај Вардар да има помалку од 20 погодоци. При 24:20 за Загреб ќе се изведуваат удари од седум метри.