Исповед на транссексуална ракометарка: Се плашев како ќе ме прифатат колешките од тимот!

Во текот на оваа година, поточно во месец февруари, Шпанија донесе закон за еднаквост на транссексуалците и ЛГБТ лицата.

Откако се донесе законот за еднаквост на транссексуалците и ЛГБТ лицата, Сандра Хименез де Кастро стана првата транссексуална ракометарка во Шпанија.

Членката на Мадрид решила да се отвори пред јавноста и да им биде пример на сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација, пишува „Марка“.

,,Почувствував потреба од активизам за да сфатат и другите девојки дека можат без проблем да спортуваат. Пред првиот тренинг бев преплашена. Се плашев дека нема да ме прифатат колешките од тимот, но ме натераа да се чувствувам безбедно, добредојдено и поддржано во нивното друштво”, изјави Хименез де Кастро за „Марка“.

Спортското друштво на Г Мадрид е основано во 2007 година и е составено претежно од ЛГБТ лица и има 1.000 членови кои се занимаваат со различни спортови како аикидо, кошарка, танц, фудбал, трчање, одбојка…