Испишана историја во Будимпешта – срушен е рекордот во посетеност на женски натпревар!

На второто полуфинале од Лигата на шампионите меѓу унгарскиот Ференцварош и данскиот Есбјерг, беше срушен рекордот по посетеност на женски ракометен натпревар.

Во „МВМ Арена“ присуствуваа дури 20.022 гледачи, односно беше исполнет максималниот капацитет.

Претходниот рекорд беше од финалето на Светското првенство во Србија во 2013 година, кога во Белград беа присутни 19.467 гледачи.

Во финалето во текот на утрешниот ден ќе играат Ференцварош и Кристијансанд од 18:00 часот, додека од 15:15 часот ќе се сретнат Ѓер и Есбјерг.