Исланд го пикира Берге – Норвежанецот пак станува селектор?

Актуелниот тренер на Колстад, Кристијан Берге, кој во периодот од 2014 до 2022 година беше предводник на машката сениорска репрезентација на Норвешка, е нов кандидат за преземање на исландската селекција.

Според медиумите од островската земја, искусниот стратег е блиску до договор со тамошната федерација. Берге откако стана селектор на Норвешка бележеше низа успеси.

Норвешка под негово водство на двапати играше финале на Мундијалите во 2017 и 2019 година, но не успеа да стигне до златото. Скандинавската селекција на Европското првенство во 2016 и 2020 година се бореше за бронзата и пред три години заврши на трето место на континенталниот собир.

Искусниот стратег во својата кариера ги предводеше и екипите на Елверум и Архус. Минатата година го презеде кормилото на ѕвездениот тим во обид. Иако имаше важечки договор со ракометната федерација на Норвешка, до 2025 година, реши да се посвети само на клупско ниво.

Како можен асистент на Берге се спомнува името на тренерот на ГОГ, Николај Крикау. Данецот пред извесен период ја продолжи соработката со ГОГ, со важност до 2025 година.

Како можен наследник на довчерашниот стратег Гудмундур Гудмундсон се спомнуваше името на Микаел Апелгрен од Савехоф. Швеѓанецот најверојатно од сезона 2024/25 ќе биде новиот тренер на унгарскиот шампион ПИК Сегед.

Репрезентацијата на Исланд обезбеди учество на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.