ИН МЕМОРИАМ: Почина тренерот кој ја водеше Македонија до 7. место на СП и Пелистер до финале

Светот на ракометот денеска остана без голема легенда, без тренерот кој остави длабока трага во македонскиот ракомет. На 67 година почина Романецот Богдан Маковеј, кој во својата кариера мина неколку години како тренер во Македонија.

Маковеј во својата тренерска кариера од 1996 до 1998 година беше на клупата на тимот на Кометал Ѓорче Петров со кој успеваше да стигне до четврт-финалето во Купот на европските шампиони.

Во 1997 година на Светското првенство во Германија, под негово водство Македонија успеа да стигне до 7. позиција што беше огромен успех со оглед на тоа што беше дебитантски настап.

Иако си замина се врати брзо во македонскиот ракомет и тоа на клупата на машката екипа на Пелистер. Со овој тим успеа да постигне голем успех, а тимот од Битола беше првиот македонски машки состав кој успеал да дотурка до финале во Челенџ купот.

Богдан Маковеј беше голем пријател на Македонија и личност која остави длабока трага и помогна во развојот на оваа игра во земјава.

Ова е црн ден за ракометот и дефинитивно голема загуба бидејќи си замина големиот мајстор на ракометната игра, кој знаеше да каже: „Клучот на успехот во ракометот не е во нападот, туку во одбраната. Одбраната го добива натпреварот“.