Има само 22 години, а веќе знае каде сака да ја заврши кариерата

Французинот во дресот на Барселона, Дика Мем објави дека кариерата сака да ја заврши во каталонскиот клуб. Тој игра за Барселона веќе четири сезони, а има договор до 2024 година.

Иако е многу млад и има само 22 години, Мем е еден од главните играчи како во клубот, така и во репрезентацијата на Франција. Периодот на карантин Французинот го поминува како и многу други спортисти дома, а времето најчесто го троши со видео игри.

„Ќе видиме што ќе се случува, но сакам да ја освојам Лигата на шампиони со Барса. Ако имам можност сакам и кариерата да ја завршам во мојот сегашен клуб. Не знам што ќе се случува во иднина, но се надевам дека ќе биде така. Сепак само што ја започнав мојата кариера.

Оваа желба на Дика Мем е оправдана со оглед на тоа што според неговите зборови најубавите моменти досега во кариерата ги имал во овој дрес. Особено незаборавен момент му е дебито во Палау Блауграна во дуел притив Кил во меч од Лигата на шампионите.

„Тоа беше на 1.октомври 2016 година против Кил. Палау беше преполн, а ние победивме 26:25. Јас постигнав два гола и беше неверојатно“, заврши Мем.