, Croatia vs Switzerland, EHF 2022 Women's Euro - Slovenia, North Macedonia, Montenegro, Ljubljana, Slovenia, 08/11/2022, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

„Имаше многу навреди од навивачите кон мене и мојата мајка“

Ракометарките на Хрватска на Европското првенство 2022 не успеаја да го повторат успехот од претходниот континентален собир кога го освоија третото место и шампионатот го завршија на 10. позиција.

Хрватска во групната фаза беше подобра од Унгарија, одигра нерешено со дебитантот Швајцарија и очекувано загуби од Норвешка, додека во главната фаза запиша три порази, од Словенија, Данска и Шведска.

Лошата игра на избраничките на Ненад Шоштариќ во главната фаза предизвика негативни коментари кај ракометната јавност во Хрватска, а поголемиот дел од нив беа на сметка на младата Тена Петика, која на последниот одигран дуел, против Шведска, имаше шест погодоци од исто толку обиди.

22 годишната ракометарка е ќерка на прославената Снежана Петика, која што е во стручниот штаб на Шоштариќ.

„Имаше многу навреди од навивачите и кон мене и кон мајка ми, но мислам дека на крајот покажав што можам. Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе се подобрувам во иднина”, изјави Петика.

Следен предизвик за Хрватска ќе бидат бараж дуелите за пласман на Мундијалот во 2023 година.