Имаат пет клуба во Лигата на шампионите, а ниедна ТВ нема да пренесува натпревари?!

Данска во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе има дури пет екипи во Лигата на шампионите.

Во машка конкуренција претставници ќе бидат ГОГ и Алборг, кој е еден од ривалите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од групниот сегмент во елитата.

Скандинавската земја кај дамите ќе има дури три претставници, тоа се Есбјерг, Оденсе и некогашниот ривал на Кометал ЃП и Вардар – Икаст.

Според информациите на телевизијата „ТВ2“, сè уште ниту една данска телевизија ги нема откупено правата за директен пренос од елитата.

,,Се наоѓаме во ситуација кога не знаеме каде всушност ќе се прикажуваат натпреварите во наредната сезона. И дали воопшто ќе бидат во живо пренесувани”, изјави директорот на ГОГ, Каспер Јоргенсен.