Избран идеалниот тим во Асобал – доминација на ракометарите на Барселона (ФОТО)

Откако заврши гласањето на навивачите, беше прогласен идеалниот тим за завршената сезона во Асобал лигата.

Таму доминираат ракометарите на шампионот Барселона и нив ги има вкупно пет во изборот.

Голманот Гонзало Перез Де Варгас, средниот бек Раул Ентрериос, десниот бек Дика Мем, десното крило Алеикс Гомез и пикерот Лудовик Фабрегас.

За најдобро лево крило е прогласен Хаиме Фернандез, за најдобар лев бек Пабло Симоне од Бенидорм, додека најдобар тренер е Маноло Каденас од Адемар Леон.