Избран е наследникот на Томас, Барса има нов капитен

Откако десното крило Виктор Томас, кој со години беше капитен на Барселона, замина во пензија, каталонците мораше да изберат нов предводник.

Тоа ќе биде легендарниот среден бек Раул Ентрериос, кој исто така планираше пензија оваа сезона, но одложувањето на Олимписките игри и Ф4 во ЛШ го премислија.

Освен него Барса го задржа и пивотменот Седрик Сорендо, кој исто така не беше во плановите за новата сезона.

Дојдоа четири нови засилувања – Ханиел Лангаро, Домен Макуц, Луис Фраде и Блаж Јанц, па каталонците одново ќе бидат меѓу главните фаворити за европската шампионска титула.