Играше за Металург и Загреб, сега се пресели во Бундес лигата

Средниот бек Лука Мраковчиќ си замина од Загреб токму пред завршните борби од регионалната СЕХА лига.

Хрватскиот плејмејкер потпиша договор со новиот бундеслигаш Либек, кој ќе има важност од една сезона.

„Кога дојде понуда од Либек, не размислував долго. Сакам да му помогнам на тимот да имаме добра сезона во Бундес лигата. Едвај чекам да се запознаам со моите нови соиграчи, навивачите и градот“, вели Мраковчиќ.

Тој потекнува од Замет Ријека, пред во 2016 да се пресели во Македонија каде што го носеше дресот на Металург. По една сезона се врати во татковината и го облече дресот на Загреб.