Играше во Македонија седум сезони, сега се пресели во Обединетите Арапски Емирати

Некогашниот ракометар на Пелистер, Струга и Бутел Скопје – Богдан Николиќ оваа сезона има нов предизвик во кариерата.

Одличниот среден бек од Црна Гора се пресели во Обединетите Арапски Емирати во клубот на Ал Аин, кој е предводен од хрватскиот стратег Ненад Кљаиќ.

Николиќ во татковината играше во Сутјеска и Ловќен, пред да дојде во Македонија каде мина четири сезони во Пелистер, две во Струга и една во Бутел Скопје.

Минатата сезона ја започна во босанската Слобода Тузла, а во пролетниот дел настапуваше за израелскиот Макаби Димона.

30-годишниот плејмејкер, кој ги мина сите репрезентативни селекции на Црна Гора, во Ал Аин игра со екс членот на Загреб, Фабијан Грубишиќ.