Играч на Флензбург во карантин, 14 дена нема мрдање од дома

Ветаранот во редовите на Флензбург, Холгер Гландорф ќе мора во следните 14 дена да биде во карантин и нема да може да излага од дома бидејќи неговиот син бил во контакт со лице кое е заразено од Корона вирусот.

Според информациите кои ги соопштува клубот донесена е одлука да се откажат тренинзите и играчите да продолжат според индивидуални планови. Причината е во Гландорф, а најавите се дека ракометарите ќе се вратат на тренинзи за две недели.

Инаку, и Холгер и неговиот син се чувствуваат добро и немаат знаци на инфекција. Сепак, мора да се делува превентивно за да нема несакани последици.