Играчите на Скјерн најдоа спас за клубот: Со програма со мерки до заштеда од пола милион круни

Ракометарите на Скјерн успеаја да развијат сопствена програма за да најдат спас за клубот. Според она што го изјавуваат истата би требала да донесе заштеда од пола милион дански круни.

Во програмата има 20 точки. Меѓу поинтересните се дека играчите се откажуваат од патните трошоци односно се подготвени самите да плаќаат. Истото важи и за натпреварите кога играат надвор од Скјерн.

Покрај тоа тие се откажуваат и од парите кои клубот ги дава за храна. Воедно за време на одморот се овзуваат да бидат вклучени во што е можно повеќе настани во кои се дава поддршка на спонзорите.

На Скјерн ќе му помагаат и навивачите кои почнаа со донирање на средства. Голем број на спонзори исто така потврдија дека остануваат дел од клубот и во следната сезона.