Игор Котевски не е повеќе тренер на КЛ7

Тимот на КЛ7, кој сезонава испадна од суперлигашкото друштво, ќе има нов тренер за следната сезона.

Досегашниот тренер Игор Котевски нема да биде повеќе на кормилото, а од клубот најавија дека наскоро ќе биде познат неговиот наследник.

Котевски го презема КЛ7 на стартот на пролетниот дел од сезоната и за влакно не успеа да обезбеди опстанок.

Легендарниот репрезентативец претходно работеше во тимот на Македонија каде беше и тренер и играч, па во Драчево и го внесе тимот во Супер лигата, потоа беше во младинските категории на Пролет, па го внесе Бутел Скопје во суперлигашкото друштво, а година и пол мина на клупата на Металург РА.