Зорица Десподовска во трка за најдобар лев бек во Полска (ФОТО)

Македонската интернационалка, Зорица Десподовска има(ше) одлична сезона во полскиот шампионат. Десподовска е една од носителите на играта во екипата на Кобиeржице.

Секоја година во Полска се избира идеалниот тим пред крајот на сезоната, а селектирањето го прават спортските новинари во Полска. Освен најдобрите играчи, се избира и најдобриот тренер.

Македонката со добрите партии низ Полска, влезе во изборот за најдобар лев бек. Конкуренцијата на нејзината позиција е голема бидејќи како противничка ја има и својата клупска колешка, Кинга Јакубовска.

За победниците во секоја категорија, почнувајќи од голман, па се до пикер, ќе одлучуваат самите ракометарки и стручниот штаб на секој клуб, со услов да не можат да гласаат за себе или за членови на нивниот тим. Конечните резултати ќе бидат објавени на 30 мај.