Зоран Кастратовиќ поднесе оставка, повеќе не е тренер на Слобода

Поранешниот тренер на Вардар, Металург и Пролет, Зоран Кастратовиќ, поради лошите резултати во Слобода Тузла реши да поднесе оставка и клубот да им го препушти на другите лица од стручниот штаб.

Раководството на Слобода Тузла ја прифати оставката на Кастратовиќ и во следниот период екипата ќе биде предводена од Недим Ѓуг.

Искусниот тренер од Македонија не ги оствари зацртаните цели на Слобода Тузла на стартот од новата сезона. На европска сцена, клубот беше елиминиран од Драма во рамките на Европскиот куп.

Во првенството на БиХ, Слобода Тузла направи кикс на неколку натпревари. Тоа дополнително ја оддалечи екипата од Тузла во борбата за првите позиции на табелата. Зоран Кастратовиќ во досегашната тренерска кариера на интернационално ниво ги водеше Беране, Сутјеска и Ел Џаиш.