Златото им носи место во вечноста, но и убава премија на Швеѓаните

Репрезентативците на Шведска денеска имаат убави мотиви бидејќи имаат убава премија која им дава енергија плус во финалето, а секој играч може да добие нешто помалку од 15.000 евра доколку на крајот денеска дојде до триумф.

Според информациите кои ги објавуваат медиумите од Скандинавија секој ракометар на Шведска за победа во финалето ќе заработи по 125.000 шведски круни (околу 12.000 евра), додека при пораз сумата е околу 7.000 евра (75.000 круни).

Сепак, ова не е единствената награда бидејќи има и бонус. Во правилникот на Ракометната федерација на Шведска за наградување на ракометарите секоја победа на ова Европско првенство е наградена со по 5.000 круни. Со оглед на тоа што Швеѓаните имаа една победа во првиот круг и уште четири во вториот тоа им носи 25.000 круни. Со денешната победа тоа ќе бидат дополните 5.000 круни и сумата ќе дојде до 155.000 круни.

Ова значи дека секој ракометар од Шведска ќе може да добие од прилика по 15.000 евра што е секако убава сума и оттаму мотивот ќе биде двојно поголем на денешната средба против Шпанците.