Златни македонски девојки: Младеновска е МВП, Јовановска и Дукоска во идеалниот тим!

Женската кадетска репрезентација на Македонија прослави победа над Исланд со 27-26 и обезбеди место на ЕП за кадетки и младинки за две години.

Освен златните медали и трофејот, нашите кадетки имаа и три индивидуални признанија.

Ива Младеновска е МВП на турнирот, Теодора Дукоска е најдобро десно крило, додека Марија Јовановска е прогласена за најдобар голман.

Исто така и на ЕХФ шампионатот за кадети во Скопје, МВП, односно најкорисниот играч беше Македонец, Марко Митев.