Златните „лавици“ на прием кај претседателот Пендаровски (ФОТО)

По приемот што беше организиран од страна на раководството на Ракометната федерација, денеска македонските кадетки имаа уште еден прием.

Златните „лавици“, по освојувањето на трофејот на ЕХФ шампионатот во Литванија, беа на прием и кај претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

„Младите ракометарки се нашата нова гордост. По освоениот златен медал во Литванија, радоста е голема. Им посакувам уште поголеми успеси на коишто ќе се радуваме заеднички“, напиша Пендаровски.

Македонија славеше против Исланд во финалето на ЕХФ шампионатот, а во полуфиналето ја елиминира селекцијата на Полска.