Златна лига: Норвешка со три од три, Франција со пресврт славеше над домаќинот

На турнирот од Златната лига за жени кој се играше во Данска, репрезентацијата на Норвешка ја оствари и третата победа и го освои првото место, откако ја совлада Црна Гора со 34:28.

Во меѓусебниот дуел за втората позиција помеѓу Франција и Данска поуспешни беа Французинките кои славеа со 27:22.

Данска имаше подобро прво полувреме и предност од еден гол, 13:12. Сепак, во вториот дел Франција со поубедливо издание успеа да направи пресврт и да стигне до втората победа на турнирот.

Црна Гора која настапи без повеќе стандардни ракометарки го доживеа и третиот пораз, но не толку убедливо како на првите два дуели против Данска и Франција. По првото полувреме Норвешка имаше водство од 20:15 кое без проблеми го задржа и во продолжението и стигна до перфектен учинок на турнирот.

Франција со три од три го освои првото место, додека втора е репрезентацијата на Франција со две победи, Данска е трета со една победа и на последното место заврши Црна Гора со три порази.