Златна лига: Норвешка подобра од Франција, нови висок пораз на Црна Гора

Во рамки на Златната лига во женска конкуренција се одиграа вторите дуели од турнирот кој се игра во Данска, Норвешка забележа минимална победа од 29:28 над Франција. Ракометарките на Црна Гора кои настапуваат со комбиниран состав доживеаја нов висок пораз овој пат од Данска, 23:36.

Натпреварот меѓу Норвешка и Франција беше многу неизвесен, по првите 30 минути резултатот беше 16:16. Во продолжението Норвежанките беа поуспешни за еден гол и ја остварија втората победа во Златната лига после победата над Данска во првиот дуел.

Данска имаше лесна задача против некомплетната и многу ослабена репрезентација на Црна Гора. Уште по првото полувреме избраничките на Пер Јохансон имаа големо заостанување од 11:20. И второто полувреме помина во доминација на Данска за висок триумф и прва победа на турнирот.

Во третото последно коло утре силите ќе ги одмерат, Црна Гора и Норвешка од 15 часот, а Данска и Франција ќе играат во терминот од 17:15 часот. Сосема извесно е дека Норвешка е поблизу до триумф бидејќи е веќе во предност, а во последното коло игра против Црногорките кои се далеку од потребната форма на овој турнир.