Земан тврди дека е спремен за скопскиот пекол: Ќе биде тешко, но сакам полни сали!

Чешката репрезентација со оптмизам ќе гостува во Скопје во баражот за Светското првенство.

Од ремито (24:24) во Злин со оглед на тоа како се одвиваше резултатот дефинитивно тие можат да бидат посреќни. Степан Земан е еден од ракометарите од репрезентацијата на Чешка кој првпат ќе гостува во Скопје.

Салата веќе е распродадена и атмосферата сигурно ќе биде пеколна за нив, а за такво нешто е спремен и Земан.

„Никогаш претходно не сум играл во Скопје. Од она што ми го кажаа момците ќе има играчи од македонската репрезентација што ќе ги завршуваат кариерите. Колку повеќе навивачи има толку е подобро, ние сме спремни. Можеби за нас е потешко, но сакам да играм пред полни сали. Мило ми е што ќе бидеме дочекани во таква атмосфера, на тоа јас гледам како предност“, изјави Земан за „iSport.cz“

Ќе потсетиме, дуелот Македонија и Чешка го играат од 19:00 часот.