Здрахала: Македонија заслужи да победи, во Скопје не чека жешка атмосфера

Чешка и Македонија одиграа нерешено 24:24 во првиот бараж натпрeвар за пласман на Светското првенство во 2023 година и патникот на турнирот ќе се одлучува на реваншот во Скопје.

Претседателот на Ракометната федерација на Чешка, Ондреј Здрахала имаше свое видување за натпреварот и призна дека Македонија заслужи да победи на овој меч и најави многу подобро издание на неговата репрезентација во Скопје.

„Денеска Македонија беше подобра и заслужи да победи, ние имавме среќа во финишот и во Македонија ќе има голема борба. Ако се сеќавате во 2016 година ние победивме шест гола дома, но во Македонија изгубивме со седум гола. Секако ние сакаме да ја срушиме, не би сакал така да кажам дека ова е „традиција“. Во Скопје мислам дека сè ќе биде во нашите глави, ќе има минимум 6.500 гледачи во салата и атмоферата ќе биде жешка. Не знам дали ние би можеле да промениме нешто, но сигурен сум дека тренерот на Македонија ќе промени. Против Романија играше со 5:1 одбрана, а денеска со 6:0 тоа е добра стратегија. Се надевам дека на реаваншот ќе одиграме многу многу подобро“, коментираше Ондреј Здрахала.

Реваншот ќе се игра во недела во салата Борис Трајковски која е распродадена и ќе биде исполнета до последното место. Натпреварот започнува во 19 часот.