„Зборнаја“ има нов селектор: Германски Србин ќе ја води Русија!

Доскорешниот стратег на германскиот Фуксе Берлин, Велимир Петковиќ, денеска е промовиран за нов селектор на Русија.

Петковиќ беше сменет од кормилото на „лисиците“ поради серијата лоши резултати, но веднаш најде нов ангажман.

Тој ќе го замени Едуард Кокшаров на кормилото на машката репрезентација на Русија, а договорот е потпишан на четири години.

Прв предизвик за Петковиќ ќе биде првиот бараж за СП против Турција, а доколку биде мината оваа пречка ќе следува уште еден двомеч против посилиен ривал.

Поранешниот тренер на Фуксе Берлин, работеше и во Гепинген со кој го освои ЕХФ Купот, а од 1991 работи во Германија.