За 24 часа: Вардар ќе игра и Лига шампиони и СЕХА лига!

Ракометарите на Вардар по репрезентативната пауза ги чека натпреварот во Загреб против Пекинг во текот на утрешниот ден.

Иако без неколку повредени ракометари – Толедо, Горпишин, Атман, Дибиров и Горбок, а можеби и без капитенот Стоилов, кој се уште не е подготвен за максимални напори, шампионот е голем фаворит против дебитантот во регионалната СЕХА лига.

Потешкиот дел за вардарци доаѓа на 3 и 4 ноември. На 3 ноември од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува Мешков Брест, дуел особено значаен за камбек на победничките патеки во ЛШ, а ден подоцна на истото место ќе дојде и Војводина во меч од СЕХА лига.

Иако првично дуелот беше закажан за 5 ноември, со оглед на тоа што Вардар го чека и дуел со Келце на 9 ноември, раководоството реши натпреварот со српскиот тим да биде одигран ден порано, односно 24 часа по завршувањето на средбата со Мешков, во 20:15 часот.