За се има првпат – Ристовска и ЦСКА Москва потклекнаа пред Ростов Дон

Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележеа прв пораз оваа сезона, откако загуби на домашен терен од големиот ривал Ростов Дон со 32-28.

Гостинките подобро го отворија мечот и поведоа со 15-8, а не помогнаа ниту двата тајм-аути на домашниот тренер Акопјан.

Ростов Дон ја одржуваше разликата и беше 18-11, но во финишот на полувремето Ристовска изнунди исклучување, Илина реализираше два пати и ЦСКА Москва намали на 18-14.

Во вториот дел ЦСКА Москва се врати на минус два, но потоа следуваа неколку грешки и Ростов Дон лесно го приведе мечот до крајот.

Ристовска играше во првото полувреме на овој натпревар и успеа да постигне еден погодок.

Овој резултат не беше важен за ЦСКА Москва, бидејќи првото место на табелата беше уште претходно обезбедено, па можеа да се скријат дел од адутите за следниот викенд кога се игра Ф4 Купот на Русија, а овие два тима ќе се судрат во полуфиналето.