За нивната титула на Олимпијада ќе се снима филм – психолошкa драма

Освојувањето на златниот медал на женската репрезентација на Русија на Олимписките игри од Бразил ќе биде прикажано на филм од жанрот психолошка драма. Својата премиера филмот ќе ја има во 2023 година.

Репрезентативките на Русија одиграа на фантастично ниво на Олимписките игри во Бразил, издвојуваа осум победи на сите натпревари, а во големото финале беа подобри од Франција со резултат 22:19.

Информацијата беше објавена од претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев. Во текот на месец мај ќе започне и наредната фаза за снимањето на филмот како што се изборот на сценската група и неколку кастинг сесии за самите актери.

Подготовката на филмот траела околу две години, а самото сценарио било одобрено пред извесен период.