За малку не стана пелистерец пред седум години, а сега потпиша долгорочен договор во Бундес лигата

Иако имаше понуди од голем број на богати клубови, репрезентативецот на Црна Гора, Стефан Чавор го продолжи договорот со германски Вецлар. Црногорецот и раководстовото на Вецлар задоволни од својата соработка потпишаа нова, па така Чавор останува во клубот уште пет сезони, односно до 2026 година.

Чавор го потпиша најголемиот договор во историјата на Вецлар бидејќи во бундеслигашот притистигна во 2016 година од унгарскиот Чурго. Тоа значи дека ако црногорецот остане во Вецлар до 2026 година, тогаш ќе прослави јубилејни десет години поминати во еден од најдобрите германски клубови.

Пред да замине во унгарскиот Чурго, во 2014 година Чавор беше во Битола, тренираше со Пелистер, но не стави потпис на договорот со битолскиот тим, а кариерата оттогаш му тргна во нагорна линија и сега е еден од најдобрите десни бекови.

Во својата кариера, десниот бек од Црна Гора настапуваше и за екипите на Целје, Сиудад Реал и Будванска Ривиера. 26- годишниот ракометар за црногорската репрезентација има одиграно 50 официјални натпревари според статистката на ЕХФ и постигнато 88 гола.