За Лазаров нема одмор – се приклучи на подготовките на Нант во Шпанија

Капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кире Лазаров, од вчера се приклучи на подготовките на францускиот Нант.

Тој стартуваше со тренинзите во последната недела од јули, а пред десетина дена се врати во Македонија за обврските за ЕХФ шампионатот.

По финалето, Лазаров веднаш замина за Сан Себастијан, каде што Нант ги продолжува подготовките со пријателски натпревари.

Нант ќе игра на турнир следниот викенд против Ла Риоха, Бидасоа и Анаитасуна. Покрај Лазаров, со тимот се сите нови засилувања, освен Шкуринскиј, кој се рехабилитира од повредата.