Радовиш остана без Зоран Стојановски

Откако замина искусниот организатор на играта, Ивица Илиев, тимот на Радовиш остана и без вториот велешанец во тимот.

Левото крило Зоран Стојановски не е повеќе член на составот на Радовиш, каде што играше последните две сезони.

Неговиот договор беше активен до 31 мај, а истиот не е продолжен, па Стојановски не настапи на средбата против Астраион вчера.

Заедно со Илиев двајцата ракометари нема да бидат дел од тимот ниту на бараж натпреварот против тимот на Шампион што ќе се игра в недела во Неготино.

Освен за матичниот Борец Велес и Радовиш, Стојановски настапуваше и за Овче Поле, а последните две сезони редовно беше меѓу најдобрите стрелци.