Замина во пензија на 51 година!

Шпанскиот клуб Антекера на прес конференција информираше дека најстариот играч во Асобал лигата, нивниот голман Диего Мојано одлучил да се пензионира после оваа сезона.

Мојано кој има 51 година е најстариот играч во историјата на Асобал лигата, тој за првпат во првенството на Шпанија во 1994 година.

„Враќањето беше една од најдбрите одлуку во мојата кариера. Задоволен сум, не се жалам и се чувствувам добро. На 20 или 30 години не се опоравувате како на 50 години. Сега ми се потребни два или три дена да се вратам на 100%. Претпочитам да заминам сега кога немам грижи со здравјето. Имам неколку опции за работа во иднина, на овие години ќе побарам друга опција за заработка“ рече Мојано на прес конферанцијата.

Мојано во 2016 година одлучи да прекине со играње ракомет, но после година ипол се врати на терените кога ја прифати понудата на Кангас. Сепак сега во шестата деценија од животот става крај на активното играње ракомет.