Загреб го „одбра“ противникот за Еурофарм Пелистер во четврт-финалето од СЕХА

Екипата на Еурофарм Пелистер го дозна ривалот за во четврт-финалето откако денеска Загреб ја совлада Металопластика, а во Битола ќе дојде шампионот на Белорусија, Мешков Брест.

Дека Мешков Брест ќе биде ривал на тимот од Битола беше познато и претходно, но сега само стана официјално познато дека ќе се случи ова така што Еурофарм Пелистер ќе има тешка задача за да се избори за пласман на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Тимот на Еурофарм Пелистер е второпласиран во групата, а тоа значеше дека ќе мора на двобој со Мешков, кој доаѓа директно во четврт-финалето. Од друга страна оваа победа на ППД Загреб значеше дека оди на победникот од дуелот меѓу Вардар и Металопластика (играат на 7 и 8 јуни во осминафиналето) во четврт-финалето така што ќе биде доста интересно.

Голема е веројатноста дека ППД Загреб и Вардар ќе се соочат во четврт-финале.