Загреб го барал и Павел Атман

Хрватскиот шампион Загреб посакува оваа сезона да има (по)важна улога во Лигата на шампионите за разлика од претходните неколку.

Ова лето „плинарите“ ги договорија Вуко Борозан, Алјаж Пантјар, Милан Милиќ, како и неколку млади хрватски ракометари, а во своите редови го посакува и левото крило Тимур Дибиров.

Хрватите доставиле понуда и до некогашниот среден бек на Загреб, Павел Атман, а тоа го откри Русинот во интервју за „Брз Центар“. Сепак тој се реши за Израел и потпиша за Макаби Ришон Ле Зион, каде што ќе игра со Градимир Чаневски.

Загреб е во потрага по среден бек, откако остана без Филип Вистороп и Сандро Обрановиќ.

„Покрај понудата од Макаби Ришон Ле Зион, ме бараа и од хрватскиот Загреб, кој нудеше можност за настап во Лигата на шампионите. Имаше интерес и од страна на Мешков Брест и од арапските земји. Но сепак решив да одберам помирна варијанта и не сакав да имам напоред распоред. Сакам на крајот на кариерата да поиграм за себе и за задоволство“, вели Атман.

Тој потекнува од Волгоград, играше за Чеховски Медведи, Динамо Минск, Металург, бундеслигашот Хановер, Мешков Брест, Вардар и ЦСКА Москва.

Загреб го бара Тимур Дибиров – двете страни преговараат за трансфер