Завршниот турнир во СЕХА повторно во Задар!

Десеттата сезона од регионалната СЕХА лига нема да заврши во април или мај како што беше случај осум пати досега.

Исто како и лани, така и оваа сезона, завршниот турнир на СЕХА лигата ќе се игра во септември на истото место. Од 3 до 5 септември најдобрите четири екипи во оваа конкуренција ќе се соберат во хрватскиот град Задар.

Тоа за 24Ракомет го потврди претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски.

„Сезонава беше вистински предизвик! Во СЕХА лига имаме десет држави, сите со свои проблеми со короната, сите имаа различни мерки и прописи, патувањето беше проблем, изолациите… Дури и ова што се одигра до сега не е идеално, но е добро. И спонзорот на Лигата, Гаспром, има разбирање и е свесен за целата ситуација, а можам да се пофалам и дека го продолживме договорот за соработка. Амбициите на СЕХА се добро познати, да растеме со квалитет од година во година. Интерес има – ЦСКА Москва, Динамо Букурешт, австриска екипа…, но јадрото да останат екипите од регионот. Со оглед на целата ситуација донесовме одлука групната фаза и осминафиналињата да се одиграат до крајот на оваа сезона, додека четвртфиналето ќе се игра по 15 август, а финалниот турнир ќе биде организиран од 3 од 5 септември во Задар.“

Титулата од лани ја брани Веспрем, кој ќе стартува од четвртфиналето, а тие натпреварите на програмата ќе биде по 15 август. До крајот на оваа сезона ќе се одиграат само осминафиналните средби, а доколку загуби од Војводин во вторник, Вардар ќе се соочи со српската Металопластика во оваа фаза.

Вардар е најуспешниот тим во ова натпреварување со пет титули.

ИНТЕРВЈУ МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ: Вардар не е мој, тој е наш, македонски бренд – и државата тоа треба да го сфати!