Заврши серијата од осум години без пораз

Екипата на Мотор по речиси осум години го доживеа првиот пораз во украинскиот шампионат, загуби од тимот на ЦСКА Киев со четири гола разлика, 31:27.

Мотор од месец декември, 2014, немаше пораз во домашниот шампионат и од тогаш на 182 натпревари беше непобедлива екипа на домашна сцена.

Минатата сезона, тимот на Донбас беше на прагот да направи сензација и да го совлада тогашниот силен состав на Мотор, во кој настапуваа и неколку интернационалци, но одигра само реми, 29:29.

За потсетување, Мотор оваа сезона со еден дел од играчкиот кадар настапува во Втората Бундес лига, додека со друг дел од играчите е дел од украинскиот шампионат.