Заврши регуларниот дел во Суперлигата, еве кој со колку бода стартува во плеј-оф и плеј-аут

Вчера беше комплетирано 14 коло од Супер машката лига, и познати се бодовите што ќе ги пренесат во разигрувањата за титулата и за опстанок во елитното друштво.

Ниту во регуларниот дел не недостигаа возбудувања, но вистинските доаѓаат со натпреварите од февруари до мај. Тогаш ќе има двомеч меѓу двата најголеми конкуренти за титулата Вардар и Еурофарм Пелистер, а својата шанса од позадина ќе ја чекаат Пролет, Алкалоид, Бутел, Еурофарм Пелистер 2, Охрид и Тиквеш.

Со освојувањто на првите места во групите, вардарци и битолчани пренесоа по три бода во плеј-офот, и ќе стартуваат од највисоките позиции.

Шампионското место носи билет за Лигата на шампионите, а Македонија ќе има два претставника во Лигата на Европа и еден во Европскиот Куп.

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-ОФ

ПозЕкипаНПРЛБ
1980126
2970224
3970223
4960321
5950416
692076
791084
890090

Во разигрувањето за опстанок од првите две позиции стартуваат Голден Арт и Струга со по три бода, а и тука нема да недостигаат интересни натпревари.

Екипит што ќе завршат на седмото и осмото место во плеј-аутот ќе испаднат во Првата лига, додека шестопласираната екипа ќе игра со третиот од плеј-офот во Првата лига бараж натпревар на неутрален терен, по што ќе бидат познати сите учесници во Суперлигата за 2023/24.

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-АУТ

ПозЕкипаНПРЛБ
1971124
2971123
3960321
4960318
5941414
6921610
792076
890092

Битките во плеј-офот и плеј-аутот ќе започнат на 11/12 феврури и ќе се водат до крајот на месец мај.