Заврши настапот на Медитеранските игри – кадетите на 10 место

Машката кадетска репрезентација на Македонија го заврши неславниот настап на Медитеранските игри со победа над селекцијата на Кувајт со убедливи 13-22 (3-5, 4-4, 6-13).

Првиот период, избраниците на Никола Матлиески го добија со 3-5, додека во вториот ривалите парираа добро и успеаја да извлечат реми, 4-4.

Во третата третина нашите кадети доминираа на теренот и беа убедливи, 6-13 и лесно го затворија овој натпревар со конечни 13-22.

Од овој дуел беа освоени 4,5 бодови за вкупно 16,5 и конечен пласман на 10 место без разлика на резултатите од другите натпревари.