Заврши групната фаза во ЛШ, на ред е осминафиналето

Денес со двата одиграни натпревари заврши групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Следуваат осминафиналните двојки кои ќе бидат возбудливи до самиот крај.

Во денешниот последен натпревар, Есбјерг успеа да слави убедлива победа против Битигхајм во натпревар со многу голови, 37:29. На полувреме резултатот беше 18:14 за составот од Данска. Есбјерг беше предводен од Кристине Брејстол со седум погодоци. Во составот на Битигхајм се истакна Бергер со шест голови.

Борусија Дортмунд на свој терен го изненади Оденсе со резултат 33:24. На полувреме резултатот беше 17:12 за домашната екипа.  Борусија Дортмунд беше предводена од искусната Смитс Ингер со седум погодоци. Во Оденсе се истакна репрезентативката на Холандија, Луис Абинг со осум погодоци.

Лига на шампиони, осминафинале, 6/7 март – 13/14 април:

Битигхајм – Ѓер
Подравка – Ростов Дон
Крим – ЦСКА Москва
Борусија Дортмунд – Мец
Есбјерг – Брест Бретањ
Валчеа – ЧСМ Букурешт
Вајперс Кристијансанд – Оденсе
Будуќност – Ференцварош

Лига на шампиони, четвртфинале, 3/4 април – 10/11 април

Подравка/Ростов Дон – Вајперс Кристијансанд/Оденсе
Битигхајм/Ѓер – Будуќност/Ференцварош
Крим/ЦСКА Москва – Валчеа/ЧСМ Букурешт
Борусија Дормтунд/Мец – Есбјерг/Брест Бретањ