Заблеска новата вардарова ѕвезда: Кизиќ покажа дека може да биде “главен” меѓу стативите (ВИДЕО)

Вардар забележа победа во шестиот натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона, откако на домашен терен го совлада составот на Мешков Брест со убедливи 36-31.

По лошите изданија на голманското дуо Кугис и Гедбан, не само на овој натпревар, туку и во текот на целата сезона, тренерот Едуард Кокшаров, се реши да му даде шанса на младиот македонски репрезентативец Марко Кизиќ.

Двајца странски чувари на мрежата имаа заедно само четири одбрани од 28 упатени шута кон нивниот гол, додека Кизиќ исто толку, но од само 11 удари кон голот на Вардар.

Погледнете ја фантастичната двојна одбрана што ја крена цела публика на нозе…