ЖРК Ѓорче Петров сака да се проба во „длабоко“

Оливер Димитриоски е дел од новиот проект на женската ракометна сцена – ЖРК Ѓорче Петров во кој работи заедно со Милева и Ангел Велкови и професорот Владимир Радиќ.

По 13 години работа во машки клуб, тој се префрли на женски ракомет, во клуб, кој не се плаши од предизвици и кој најави дека високо ќе цели сезонава, Европа е амбицијата.

„Се подготвуваме за домашна лига, а стремиме кон европско ниво. Не само ние како клуб Ѓорче Петров, туку комплетниот поглед и пристап кон женскиот ракомет сметаме дека треба да се сменат и дека сите по малку треба да придонесеме работите да одат во нагорна линија. Знаете може на некому му е добро тука каде што е да ’плива на сигурно’, но ние не сакаме да останеме во ’плиткото’ туку да се пробаме во ’длабокото’, во Европа. Затоа целта не ни е титула, нормално би било одлично ако дојдеме до тоа, но излез во Европа, односно место меѓу првите четири на табелата ќе значи успешна сезона. Показател дека сме направиле добра работа ќе биде и задоволството на играчите. Ако успееме да ги задржиме и следната сезона, па потоа во третата сами да сакаат да останат во клубот – тоа ќе значи дека сме работеле одлично.“

Целото интервју со Оливер и Тања Димитриоски може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ОЛИВЕР И ТАЊА ДИМИТРИОСКИ: Фамилијарно сме „заразени“ со ракомет