Жером Фернандез потврди, следно лето му го отстапува местото на екс-тренерот на Лазаров

После шест години на клупата во тимот на Екс ан Прованс, Жером Фернандез следното лето дефинитивно си заминува.Тој е тренер на екипата од 2015 година, а првите две сезони имаше двојна улога бидејќи беше и играч.

Сепак, после овие две сезони се посвети на тренерската работа, но сосема извесно е дека во јуни во 2021 година го напушта клубот, а на негово место доаѓа поранешниот тренер на Лазаров во Нант и сегашен стратег на Спортинг, Тиери Анти.

„Раководството на клубот одлучи да направи измени. Јас и мојот тренерски тим предупредувавме дека ќе ја завршиме работата овде. Имам договор до 2021 година и дотогаш останувам во клубот. Потоа дефинитивно си заминувам“, вели актуелниот тренер на Екс ан Прованс, Жером Фернандез.

Инаку, овој тим под водство на еден од најдобрите ракометари на Франција на сите времиња, сезонава успеа да дојде до успех и на меѓународна сцена. Екипата играше во групната фаза од Купот на ЕХФ.