Жереми Тото и Мартон Секељ во ТОП 5 потези на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

Завршува уште еден месец, па како и вообичаено беа избрани најдобрите пет потези за февруари.

Во TOП 5 потези се најдоа и двајца ракометари на македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер.

Мајсторскиот гол на Жереми Тото во натпреварот на Вардар на гости кај Војводина се најде на третата позиција, додека чуварот на мрежата Е.Пелистер е на втората позиција со одбранетиот зицер против Партизан.

Место во ТОП  5 доби и одбраната на Доминик Кузмановиќ по ударот на Оливие Њокас во средбата на Нексе и Вардар.