Жерар збесна на голот, Хрватите немоќни против Франција

Репрезентацијата на Франција победнички го отвори Европското првенство и во дербито од групата Ц ја совлада репрезентацијата на Хрватска која беше без клучните играчи Домагој Дувњак и Лука Циндриќ со 27:22.

Франција поведе со 4:1 и постојано во продолжението го контролираше резултатот. Веќе во 9. минута Французите имаа 7:2 и најавија лесен триумф. Хрватска не се предаваше и до крај на првото полувреме усепа да намали на минус два. На полувреме Франција водеше 13:11.

Но тоа беше најмногу што можеа Хрватите без клучните играчи, Мем и Фабрегас со по два гола ја вратија Франција на безбеди четири предност. Тин Лучин возврати со два последователни гола за одново Хрватска да намали на минус два во 47. минута.

Давид Мандиќ во 48. минута доби директно црвен и син картон за еден остар страт врз противникот. Во тој момент Хрватска стана со три играчи помалку во поле што беше добра шанса за Франција. Французите во овој период постигнаа два гола и поведоа четири разлика на десет минути до крај.

Во последните десетина минути искусниот тим на Франција без проблеми го приведе натпреварот до крај и запиша прва победа на првенството. Венсан Жерар беше одличен на голот на Франција со 14 одбрани, а најефикасни во победничката репрезентација беше Уго Деска со седум гола, додека со шест гола постигна Дика Мем. Во тимот на Хрватска најефикасен беше Иван Чупиќ со шест гола.

13 јануари 2022
22 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 јануари 2022 22:36 EURO22 C 2021/2022 13.01.2022 60'

Место

„СЕГЕД УЈ“ АРЕНА СЕГЕД

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ХРВАТСКА1122Пораз
ФРАНЦИЈА1327Победа

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Ловро Михиќлево крило00
8Анте Гаџацентрален бек01
12Иван Пешиќголман00
16Матеј Мандиќголман00
24Шиме Ивиќдесен бек00
27Иван Чупиќдесно крило06
35Мате Шуњиќголман00
39Давид Мандиќлево крило12
40Никола Граховацпивот00
41Тин Луцинцентрален бек04
45Халил Јагањацлев бек10
51Иван Мартиновиќдесен бек03
52Леон Шушњапивот02
53Марин Шипиќпивот03
57Филип Главашдесно крило00
58Звонимир Срналев бек11
 Вкупно 322

ФРАНЦИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јанис Ленедесно крило01
4Ајмерик Минцентрален бек01
7Ромеин Лагардцентрален бек00
9Мелвин Ричардсондесен бек00
10Дика Мемдесен бек06
11Николас Турнапивот10
12Винсен Жерардголман00
13Никола Карабатиќцентрален бек01
14Кентин Маецентрален бек03
23Лудовик Фабрегаспивот05
24Весли Пардинголман00
25Уго Дескалево крило07
28Валентин Портдесен бек01
29Беноа Конкудесно крило01
31Дилан Нахилево крило01
34Карл Конанлев бек00
 Вкупно 127

ЕП 2022 – ГРУПА Ц

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1УНГАРИЈА33006
2ИСЛАНД31113
3ЦРНА ГОРА31022
4СРБИЈА30121