Женскиот Роналдо се наоѓа меѓу ракометарките на Валчеа

Ракометарките на романскиот тим Влчеа ги завршија почетните подготовките организирани во тренинг кампот, а на последниот тренинг беше порелаксирано што го искористија да одиграат натпревар во фудбал.

Почетоткот на подготовките скоро секогаш е најтешкиот дел кога се работи на физичка подготвеност, а ракометарките можат само да ја гледаат топката. Можноста да играат фудбал беше вистинска промена од напорните тренинзи.

Тренерот Флорентин Пера внимателно следеше како се одвива натпреварот и ги опоменуваше ракометарките дека секој фаул или остар старт може веднаш да значи крај на играта. Некои од девојките особено се истакнаа со своите фудбалски способности, а Алисија Фрага Фернандез го доби прекарот „Роналдо“.

Таа има одлична техника и многу лесно го контролира фудбалот. Србинката Жељка Николиќ исто така работи одлично со нозете, но во одбрана никој не можеше да ги помине Миневскаја и Ардал. Сепак, на крајот натпреварот помеѓу девојките заврши нерешено 1:1.