ЕХФ со честитки за првиот Кинез голман стрелец во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Екипата на ППД Загреб заврши со натпреварите во Лигата на шампионите, а на последниот од нив играше против составот на ПСЖ на кој на голот се најде ракометарот од Кина, Куан Ванг.

Голманот од Кина успеа да се запише и меѓу стрелците во Лигата на шампионите со што стана првиот играч од оваа земја кој реализирал во натпреварувањето.

Овој момент е одбележан од страна на ЕХФ со посебно видео објавенот на Твитер профилот, а голот е постигнат во последните секунди од првото полувреме. Екипата на ПСЖ играше без голман, па Ванг погоди додека Жерард се враќаше на терен.

Погодокот за намалување на предноста на ПСЖ и поставување на резултат од 17:12 на крајот од првото полувреме можете да го видите во продолжение.