ЕХФ потврди: Еурофарм Пелистер два пати ќе игра дома со Татабања

Европската ракометна федерација утринава ги потврди термините за дел од заостаните натпревари во Лигата на Европа.

Тимот на Еурофарм Пелистер имаше еден неодигран меч против унгарската Татабања, кој ќе се одигра на 10 февруари од 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

„Фармацевтите“ се договорија и вториот меч против истиот ривал наместо во Унгарија да биде одигран во Битола, а терминот е ден претходно, 9 февруари во 20:45 часот.

Со ова битолчани добиваат голема шанса со две победи да напредуваат на табелата и да стигнат до место кое води во елиминациите на Лигата на Европа.

На домашен терен ќе играат уште два пати, на 16 февруари против ГОГ Гудме, на 23 февруари против Рајн Некар, додека на 2 март треба да го имаат единственото гостување кај Кадетен.